Дома Останати Ракомет Хрватите пласманот во финалето на СП го посветија на голманот кој беше тешко нокаутиран и претепан од соиграч

Хрватите пласманот во финалето на СП го посветија на голманот кој беше тешко нокаутиран и претепан од соиграч

Десното крило на ракометната репрезентација на Хрватска, Филип Главаш, големата победа против Франција и пласманот во финалето на СП ги прослави во дрес на соиграчот и голманот Матеј Мандиќ, кој поради повреда го пропушти турнирот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот ракометен бек, Милош Кос, пред два месеца по домашниот пораз на Загреб од Нантес во Лигата на шампиони го нокаутираше соиграчот и хрватскиот репрезентативен голман Матеј Мандиќ, кој мораше да оди на операција на јаболкова коска и не можеше да игра за Хрватска на Светското првенство.

Главаш не заборави што се случило, па после натпреварот со Франција го облече дресот на Мандиќ, а фотографии објави и Ракометниот сојуз на Хрватска на нивните официјални социјални профили, посветувајќи го триумфот на Мандиќ.

Загреб на крајот донесе одлука да го продаде Кос година и половина пред истекот на договорот, а Србинот ја продолжи кариерата во Германија, во Ерланген.

Да потсетиме, Хрватска в недела ќе игра во Осло во финалето на СП против подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Данска и Португалија, кој ќе се игра вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски: Утре ништо нема да биде решено!

Македонската ракометна репрезентација денеска замина за Словачка, каде утре во Прешов ќе г…