Дома Останати Холандија рутински ја совлада Гвинеја на стартот

Холандија рутински ја совлада Гвинеја на стартот

Ракометната репрезентација на Холандија дојде до очекувана победа (40-23) против Гвинеја во првиот меч од групата, каде што се наоѓаат и Македонија и Унгарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите дилеми околу победникот на теренот во Вараждин беа решени веќе во првото полувреме. Уште од стартот „лалињата“ направија серија, а на одмор заминаа со предност 21:8.

Во второто полувреме Холандија малку се опушти, но сепак рутински стигна до победа.

Најефикасен во победничките редови беше тен Велде со девет голови, а пет запиша Ставаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…