Дома Фудбал Хари Кејн го напушта Баерн и се приклучува на еден од најсилните клубови во светот!

Хари Кејн го напушта Баерн и се приклучува на еден од најсилните клубови во светот!

Според пишувањата на Ел Насионал, Хари Кејн многу лесно ова лето може да го напушти минхенскиот Баерн и да се пресели во Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, тренерот на Барселона Флик му кажал на раководството на клубот дека сака Кејн да дојде како нов напаѓач во клубот и да го замени Роберт Левандовски.

Ламал и Рафиња апсолутно се согласуваат со изборот на тренерот и ја поддржуваат таа идеја.

Останува Барса да понуди сума која Бајерн нема да може да ја одбие, а неговата моментална вредност на пазарот изнесува 65 милиони евра.

Да потсетиме, Кејн влегува во последната година од договорот, и ако ова лето не го продолжи истиот или не биде продаден, Баварците од јануари ризикуваат англискиот репрезентативец да им замине комплетно бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турците останаа без зборови кога Бернардо им ги соопшти условите: “Немаме ние толку пари”

Португалецот Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити по девет години. Португалскиот играч…