Дома Фудбал Хамилтон ги откри клучните потези на Ферари пред Монте Карло

Хамилтон ги откри клучните потези на Ферари пред Монте Карло

Луис Хамилтон не губи време – само ден по трката во Имола, тој веќе беше во седиштето на Ферари во Маранело, како би со тимот го анализирал настапот и се подготвил за следниот предизвик, Големата награда на Монте Карло.

Британецот во Италија го постигна најдобриот резултат во сезоната, завршувајќи на четвртото место, и покрај стартот од 12. позиција на мрежата.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Тој резултат беше не само најдобар пласман на Хамилтон откако го облече црвеното, туку и прв пат на трка да заврши пред тимскиот колега Чарлс Леклерк.

Но квалификациите, сепак, се уште се најизразена слабост на Ферари во 2025 година.

Токму затоа, Хамилтон веднаш по трката појде во Ферари за да со инженерите и механичарите работи на решение на проблемот.

„Во симулаторот бев веќе во понеделник наутро, стигнав прилично рано”, изјави Хамилтон во четврток во Монте Карло.

„Неверојатно е да се види како луѓето таму не застануваат. Во недела вечер одат дома, а веќе во понеделник се пак во фабриката. Не застануваат, само ги прегледуваат податоците.”

Хамилтон верува дека тимот оди во добар правец, но се уште има простор за напредок.

„Многу позитивни нешта беа од минатиот викенд. Сепак, се уште имаме простор за напредок. Квалификациите се нашата најголема слабост.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…