Дома Фудбал Гвардиола спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Гвардиола спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Како што пренесува Калчомеркато, Пеп Гвардиола подготвил понуда до Милан од 85 милиони евра за еден од најдобрите играчи оваа сезона.

Иако го продолжи договорот со Росонерите, Тижани Рејндерс е првиот пик на менаџерот на Граѓаните во претстојниот преоден рок.

Холанѓанецот игра одлично оваа сезона, а неодамна стави потпис на нов договор со Милан.

Рејндерс дојде во Милан во летото 2023 година од АЗ Алкмар за 20 милиони евра и оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Гвардиола го сака и во него гледа идеална замена за Де Брујне, а наводно Холанѓанецот веќе дал согласност за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што подготвува Јуве за крајот на трансферниот период, и каква реакција предизвика Кеси?

Два натпревара, две победи без примен гол на почетокот на новата сезона во Серија А. На пр…