Дома Фудбал Гвардиола има фаворити во ЛШ: Издвои четири екипи, една е изненадување

Гвардиола има фаворити во ЛШ: Издвои четири екипи, една е изненадување

Манчестер Сити испадна многу порано отколку што очекуваа многумина. Пеп Гвардиола му оддаде признание на Реал и го промовираше како еден од четирите фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај кралскиот клуб, тренерот на Сити меѓу фаворитите ги смести и двете најдобри екипи од основниот дел, Барселона и Ливерпул, но и едно име кое моментално ретко кој го гледа во потесниот круг на фаворити.

– Секако, Реал Мадрид е фаворит. Но, тука се и други тимови кои играат навистина добро. Ливерпул има одлична сезона, Барселона е фантастична. Но и Пари Сен Жермен кој го води мојот пријател Луис Енрике моментално е во замав – изјави Гвардиола.

Веќе во осминафиналето сигурно ќе испадне еден од овие четири тима, бидејќи е познато дека по ждрепката за оваа фаза на натпреварувањето, Пари Сен Жермен сигурно ќе игра или со Ливерпул или со Барселона. А победникот од тој натпревар е на истата половина од ждрепката како и Реал Мадрид.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гринвуд го избрал новиот клуб, ќе направи рекорден трансфер

Фенербахче е на чекор да го комплетира трансферот на Мејсон Гринвуд од Марсеј. Клубот од И…