Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го даде своето првично мислење околу ждрепката во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити четврта година по ред ќе игра против Реал Мадрид во ЛШ, па Гвардиола го спореди со дерби.
„Ова веќе изгледа како дерби, бидејќи е четврта година по ред против Реал Мадрид. И Баерн и Реал беа навистина тешки можни противници. Да се надеваме дека на најдобар можен начин ќе влеземе во првото коло на нашиот стадион, а потоа во Мадрид“.
„Можевме ли да бидеме во првите осум? Да, но не бевме доволно добри. Не го заслуживме тоа откако победивме само на три натпревари и едно реми. Претрпевме премногу порази. Ждрепката е ждрепка“, изјави Гвардиола.