Дома Фудбал Грилиш: Судијата нè изнервира, потпадна под влијание на „Енфилд“

Грилиш: Судијата нè изнервира, потпадна под влијание на „Енфилд“

Фудбалерот на Евертон, Џек Грилиш, го обвини судијата Дарен Ингланд дека бил под влијание на публиката на „Енфилд“ кога донел неколку одлуки на штета на неговиот тим во дербито против Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Грилиш доби жолт картон по последниот судиски свиреж во вчерашниот пораз на Евертон со резултат 2-1 во градското дерби, а „карамелите“ беа вознемирени и поради тоа што судиите додале само три минути надополнување на времето додека се трудеа да изедначат.

Ингланд покажа и жолт картон на Кирнан Дузбери-Хол за брзо изведување на слободен удар.

Очигледно се обидуваа да го забават темпото на играта на моменти, никогаш во животот не сум видел играч да добие жолт картон за брзо изведување на слободен удар“, рече Грилиш и додаде:

Не знам од каде се појави тоа правило. Дури и времето на надополнување, три минути и една минута, тоа никогаш не сум го видел во Премиер лигата во последните две или три години“.

Грилиш, поради жолтиот картон, го пропушта следниот натпревар против Вест Хем.

Имаше фрустрација со судијата. Понекогаш сакате да ја пуштите играта, целосно разбирам, но не можете нам нешто да ни ускратите, а потоа две секунди подоцна еден од нивните дефанзивци падне откако нашиот играч го допре по грбот и тој им даде слободен удар“, заврши Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека ст…