Дома Фудбал Грешката на Келехер во 90. минута која навивачите ги потсети на Кариус (Видео)

Грешката на Келехер во 90. минута која навивачите ги потсети на Кариус (Видео)

Спектакуларниот натпревар одиграа вчера на „Сент Џејмс Парк“ помеѓу Њукасл и Ливерпул. Заврши 3:3, а за тоа гостите можат да “му се заблагодарат” на голманот Каоимин Келехер.

Во еден момент, Ливерпул против Њукасл изгледаше беспомошно, но “Црвените” со одлична игра во второто полувреме успеаја да го променат резултатот во своја корист и поведоа со 3:2.

Така беше до 90-та минута, кога Њукасл постигна погодок за 3:3. Голема грешка направи голманот на тимот од Енфилд, Каоимин Келехер.

Ирецот погрешно ја процени насоката на топката. Мислеше дека центаршутот на Бруно Гуимараес оди во гол-ауто и се излажа.

Сето тоа добро го следеше Фабијан Шар. Ја испрати топката во мрежата и ги остави навивачите на Ливерпул во неверување.

Навивачите овој момент ги потсети на Лорис Кариус, кој во 2018 година им го упропасти финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…