Манчестер Јунајтед конечно постигна договор со Лече за трансфер на левиот бек Патрик Доргу, пренесува „Скај Спорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Претходната понуда која италијанскиот клуб ја одби пред два дена беше 27 милиони евра. Лече го цени 20-годишниот Данец на 40 милиони евра, па Јунајтед со денешната понуда значително се доближи до таа сума.
Имено, „црвените ѓаволи“ ќе платат 30 милиони евра плус 7.5 милиони во име на бонуси. Доргу веќе има договор со клубот па се очекува брзо да биде комплетиран трансферот.