Дома Фудбал Голема радост на „Меаца“, Интер е нов шампион на Италија!

Голема радост на „Меаца“, Интер е нов шампион на Италија!

Фудбалерите на Интер го совладаа тимот на Парма во Милано со резултат 2:0 во натпреварот од 35. коло на италијанската Серија А.

Избраниците на Кристијан Киву со вечерашната победа математички ја обезбедија новата, 21. титула шампион на Италија во клупската историја и заслужено го понесоа епитетот најдобар тим во земјата.

Моментот за тоа се очекуваше веќе неколку недели, особено по грешките на Наполи и Милан, а денес дилеми немаше бидејќи „нероазурите“ ја оправдаа улогата на фаворити без поголеми проблеми.

Головите за победата ги постигнаа Маркус Турам и Хенрик Михтаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид со порака: Ова е одвратно, сакаме да ја напуштиме Ла Лига!

Телевизискиот канал на Реал Мадрид повторно предизвика голема бура во Шпанија по мадридско…