Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во составот на германската репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Офанзивниот играч од средниот ред играше одлично во текот на целата година за Бајерн, а блескавите настапи ги пренесе и во националниот дрес.
Мусиала играше многу добро и на Европското првенство оваа година, на кое Германците несреќно отпаднаа во четвртфиналето од понатамошниот шампион Шпанија, па ја понесе титулата најдобар играч на „панцерите“.
Тој доби 56 проценти од гласовите и ја освои наградата по втор пат во кариерата. Прва награда доби во 2022 година. Зад себе ги остави Флоријан Вирц, член на Леверкузен, кој имаше 38 проценти, а Каи Хаверц од Арсенал освои шест проценти од гласовите на публиката.
И статистиката е во корист на Мусиала. Постигна три гола на Европското првенство, а покрај тоа додаде и два гола и три асистенции во Лигата на нациите.
Во својата кариера Мусиала има одиграно 38 натпревара за Германија и постигнато седум голови.
Оваа сезона за Бајерн на 20 натпревари постигна 11 голови и додаде пет асистенции.