Дома Фудбал Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Меси да се откажат од пријателската средба со Ангола по трагичната смрт на 30 лица во протестите во Луанде минатиот месец, организирани поради зголемувањето на цените на горивото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анголската фудбалска федерација неодамна објави дека Аргентина треба да гостува во Луанде во ноември, со цел да се обележи 50 години од независноста на оваа јужноафриканска држава.

Сепак, Аргентинската фудбалска федерација (АФА) сè уште не дала официјална потврда за одржување на оваа средба.

Во отворено писмо испратено до Аргентинската фудбалска федерација, националниот тим и хуманитарната организација Фондацијата Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија анголските власти за “систематска репресија”.

Овие организации повикаа и на откажување на натпреварот, откако во протестите поради зголемувањето на цените на горивото загинаа 30 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Втор ветеран се договори со Челси

Поранешниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон постигнал договор за две години со Челси,…