Дома Фудбал Фудбалерот кој го сака пола Европа на полувремето го бараше дресот на Роналдо (Видео)

Фудбалерот кој го сака пола Европа на полувремето го бараше дресот на Роналдо (Видео)

Португалија ја освои Лигата на нации откако во финалето во Минхен успеа да ја победи Шпанија после изведување на пенали, бидејќи по продолженијата резултатот беше 2:2. Кристијано Роналдо (40) ја водеше Португалија до триумфот. Во завршницата на турнирот во Германија, ветеранот прво постигна гол за победа против домаќинот, а потоа ја затресе мрежата и во финалето против Шпанија за израмнување на 2:2.

Ова беше 138-от гол на Роналдо во 219. настап за Португалија. Тој се повреди две минути пред крајот на регуларниот дел, а неговите соиграчи успеаа да ја освојат Лигата на нации преку пенали. Потоа, емоционално ја прослави победата и освојувањето на трофејот.

Имаше интересна ситуација на полувремето. Во моментот кога Шпанија водеше со 2:1, младиот адут на Шпанија, Нико Вилијамс (22), го замоли Роналдо за размена на дресови. Роналдо го исполни барањето на противникот и го направија договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…