Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу за прв пат јавно призна дека Каталонците сакаат да донесат плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати. Сепак, Бартомеу изјави дека проблемот е што францускиот клуб воопшто не сака да преговара за трансфер на својата ѕвезда. „Не е праведно шпанската лига да биде единствената која ги задолжува клубовите да ставаат откупни клаузули во договорите на играчите. …