Дома Фудбал Барса потврди: Го сакаме Верати, но ПСЖ не сака да преговара!

Барса потврди: Го сакаме Верати, но ПСЖ не сака да преговара!

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу за прв пат јавно призна дека Каталонците сакаат да донесат плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати.

Сепак, Бартомеу изјави дека проблемот е што францускиот клуб воопшто не сака да преговара за трансфер на својата ѕвезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не е праведно шпанската лига да биде единствената која ги задолжува клубовите да ставаат откупни клаузули во договорите на играчите. Верати на пример е играч кој што ние сакаме да го донесеме и веруваме дека ќе биде идеален за нашиот тим. Ние знаме дека тој исто така сака да дојде кај нас, но кога ќе се обратиме до претседателот на ПСЖ, тој вели дека Верати не е на продажба и нема откупн клаузула. Тоа значи дека само претседателот може да реши дали да седне на преговори со нас, или не“, изјави Бартомеу.

„Во таа смисла шпанскиот фудбал е незаштитен. Тука сите фудбалери имаат клаузули и странските клубови можат да дојдат и да ги платат. Меѓутоа ние не можеме да го направиме тоа. Се уште не сме седнале на преговори со ПСЖ и покрај фактот што играчот сака да се пресели кај нас“, додаде претседателот на Барса.

„Веќе имавме слична ситуација со Цеск Фабрегас. Тогаш една година Арсенал одбиваше да седне да преговата со нас. Не знам што ќе се случи со Верати, нема маѓична формула со која можам да го натерам ПСЖ да седне да преговата. Тој отворено кажува дека сака трансфер во Барса, но францускиот клуб вели дека може да си замине само по истекот на договорот. Не знам што ќе се случи до 31-ви август“, откри Бартомеу за „Мундо Депортиво“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…