Германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Тони Крос предвреме го напушти денешниот тренинг на „кралевите“ во Лос Анџелес, пренесоа шпанските медиуми. Плејмејкерот почуствувал болки во глуждот и предвреме го прекинал тренингот, а капитенот Серхио Рамос воопшто не тренираше денес поради болки во увото. И двајцата сигурно ќе го пропуштат пријателскиот меч со Манчестер Сити оваа ноќ, а готово сигурно …
