Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Потегот на Мурињо силно го разлути Перез

ВИДЕО: Потегот на Мурињо силно го разлути Перез

ronabenz

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одиграа припремен натпревар во склоп на американската турнеа, во кој англискиот клуб славеше после изведувањето на пенали.

Тоа веројатно не им значеше премногу на Зидан и Флорентино Перез, со оглед на тоа дека тимовите настапија во прилично комбиниран состав, но еден детал од тунелот го налути двоецот на кралскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Жозе Мурињо и Герет Бејл имаа краток разговор, како што пишуваат медиумите во Англија и Шпанија, Португалецот сеуште не се откажал од доведување на Велшанецот на „Олд Трафорд“.

Мурињо се пошегува со Бејл на кој му кажа: „Не можам да те купам, бидејќи не сакаш да зборуваш“.

Перез претходно истакна дека не сака да го продаде Бејл на Манчестер, поради ситуацијата со Давид Де Геа од пред две години. Тоа беше и причината поради која Алваро Мората заврши во Челзи, а не во Јунајтед. Медиумите пишуваат дека шансите Бејл да заврши во Манчестер Јунајтед се еднакви на нула.

Крилниот напаѓач од Велс изјави дека е среќен во Реал и дека ќе се бори за местото во првиот тим на „кралевите“. Да потсетиме, во натпреварот од финалето во Лигата на шампионите, Бејл беше оставен на клупата за резерви.

Последните информации говорат дека како единствена можност се наведува размена на Де Геа и Бејл, со доплата на Јунајтед. Но и таков расплет во овој момент е далеку од реализација.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Реал Мадрид од полуфиналето како награда добива – откуп на договорот!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу беше херојот на вчерашниот пласман на овој клуб во новото…