Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп. Тие кај својот Метрополитано го победија бранителот на титулата и градски ривал Реал со 4:2 во продолжението, откако во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2. Во продолженијата Атлетико успеа да постигна два гола преку Гризман во 100. минута и Рикелме во 119. минута. Заедно со Атлетико Мадрид, во …