Дома Фудбал Италија Mурињо може да седне на клупата на друг италијански тим?

Mурињо може да седне на клупата на друг италијански тим?

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо пред два дена доби отказ од Рома, а според последните информации би можел да седне на кормилото на друг клуб во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома го отпушти Португалецот поради лошите резултати во последниот период, додека медиумите тврдеа дека имало и расправија со сопственикот Ден Фридкин.

Но, не помина долго за Мурињо да го поврзуваат со уште еден италијански тим. Имено, „Спортмедиасет“ објави дека агентот Жорж Мендеш му се јавил на Де Лаурентис и го предложил Мурињо како решение за клупата.

Наполи е во потрага по нов стратег за сезоната 2024/2025 и Мендеш сака да го искористи блискиот однос со Де Лаурентис за брзо да му најде нов клуб. Во овој момент на клупата на Наполи е Валтер Мацари на кого не му оди баш најдобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аргентина на колена: Шпанија е нов светски шампион (Видео)

Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и стана нов светски шампион по 120 минути игра. Како П…