Почина струмичанецот Аце Стојанов, играчка и тренерска легенда на ФК Тиверија и на струмичкиот фудбал, информира порталот „Струмица денес“. „Беше голем човек и добар другар“, коментираат оние што го познавале. Сочуство до фамилијата и пријателите.
Најнови фудбалски вести: Премиер лига, Ла Лига, Серија А, Бундеслига, Лига на шампионите, трансфери, резултати и анализи од светскиот фудбал.
Почина струмичанецот Аце Стојанов, играчка и тренерска легенда на ФК Тиверија и на струмичкиот фудбал, информира порталот „Струмица денес“. „Беше голем човек и добар другар“, коментираат оние што го познавале. Сочуство до фамилијата и пријателите.
ПСЖ вчера се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот го совлада Реал Сосиедад. По домашната победа од 2:0 во реваншот од осминафиналето, ПСЖ победи со 2:1 на Сан Себастијан, а двата гола ги постигна Килијан Мбапе. Првиот погодок е особено интересен за корисниците на социјалните мрежи. Се играше 15. минута од натпреварот кога Мбапе ја прими …
Баерн во реваншот од осминафиналето во Минхен го победи Лацио со 3:0, додека во вториот вчерашен натпревар ПСЖ го совлада Реал Сосиедад со 2:1 и со тоа обезбедија пласман во четврфиналето во ЛШ. Баварците конечно имаа одличен настап во Минхен, доминираа практично во текот на целиот натпревар, имаа далеку повеќе можности и шутеви и сосема заслужено ја извојуваа 12-та победа …
Баерн Минхен и ПСЖ изборија пласман во четвртфиналето откако рутински ги победија Лацио, односно Реал Сосиедад. Многу понеизведно беше во Минхен, каде Баерн бркаше негатива од првиот меч, но покажа дека е супериорен во однос на Лацио. Баварците од самиот старт тргнаа во напад, но првата голема шанса ја имаше Лацио преку Имобиле. Само неколку минути подоцна Хари Кејн погоди …
Реал Мадрид пред неколку дена одигра реми против Валенсија на „Месталја“, а во главна улога беше судијата Хесус Хил Мансано. Масано донесе контроверзна одлука и означи крај на мечот, иако Брахим Дијаз во тој момент испрати центар-шут, а една секунда подоцна Џуд Белингам погоди за „кралевите“. Судијата доби жестоки критики од шпанската јавност поради неговиот потег, а судиската комисија на …
Пари Сент Жермен со солидна предност од првиот меч присигна на гостувањето кај Реал Сосиедад во Лигата на шампиони. Меѓутоа, после првото полувреме има предност на „Сан Себастијан“, а во главна улога повторно беше Килијан Мбапе. Французинот постигна уште еден мајсториски гол кој долго ќе се врти на најавните шпици. 🚨🚨| GOAL: Mbappe gives PSG the lead!! Real Socieded 0-1 …
Лацио го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, па многу навивачи на римскиот клуб пристигнаа во германскиот град. Еден италијански навивач е уапсен поради тоа што го копирал поздравот на Хитлер, во еден бар во Минхен во кој Адолф Хитлер ја основал Нацистичката партија. Навивачите на Лацио инаку се познати по нивната десничарска ориентација, каде …
Денес во фокусот секако ќе бидат реванш осминафиналните натпревари во Лигата на шампиони, а особено интересно ќе биде во Минхен на дуелот помеѓу Баерн и Лацио. Разнишаниот Баерн игра за спас на сезоната Баерн Минхен ја игра една од најслабите сезони во последната деценија и просто Баварците изгледаат непрепознатливо. Во Бундеслигата веќе долго немаат победа и заостануваат цели десет бода …
Англискиот фудбалски клуб, Астон Вила пријавил загуба од 119.6 милиони фунти на крајот од годината, пренесува денес „Би-Би-Си“. Со оглед на тоа дека прописите во Премиер лигата дозволуваат загуба од 105 милиони фунти клубот кој сезонава игра одлично во најсилната англиска конкуренција би можел да се најде во проблем. „Бројките се во склад со стратешкиот деловен план. Сопствениците на Астон …
По првиот натпревар во Данска, Манчестер Сити има одлични 3:1 против Копенхаген и на Данците им е потребно чудо за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Пред овој натпревар Халанд откри дека во 2016 година бил на проба во Копенхаген, но челниците на клубот тогаш сметале дека не е доволно добар да игра за нивниот клуб. Халанд признава дека …
Партизан ја совлада Басконија со 80:66 за шестата евролигашка победа сезонава, а повратникот Тонје Џекири блесна со 17 поени и шест скока.