Дома Фудбал Англија Играат одлично во Премиер лигата сезонава, а сега може да се најдат во проблем

Играат одлично во Премиер лигата сезонава, а сега може да се најдат во проблем

Англискиот фудбалски клуб, Астон Вила пријавил загуба од 119.6 милиони фунти на крајот од годината, пренесува денес „Би-Би-Си“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со оглед на тоа дека прописите во Премиер лигата дозволуваат загуба од 105 милиони фунти клубот кој сезонава игра одлично во најсилната англиска конкуренција би можел да се најде во проблем.

„Бројките се во склад со стратешкиот деловен план. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочното развивање на клубот и се радуваме на продолжението и реализацијата на стратешкиот план“, стои во соопштението од клубот.

Астон Вила во овој момент се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата и засега се бори за излез во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…