По првиот натпревар во Данска, Манчестер Сити има одлични 3:1 против Копенхаген и на Данците им е потребно чудо за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Пред овој натпревар Халанд откри дека во 2016 година бил на проба во Копенхаген, но челниците на клубот тогаш сметале дека не е доволно добар да игра за нивниот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Халанд признава дека бил заинтересиран да им се придружи, меѓутоа не ги убедил луѓето во клубот да му дадат договор.
„Бев во Копенхаген на проба во 2016 година. Клубот беше добар и сакав да заиграм за нив, но тоа не се случи. Нивниот дрес со бројот девет кој го носев тие неколку дена се уште го имам дома. Штета за нив, не се лутам ни најмалку, судбината ме однесе во друг правец и среќен сум со она што го постигнав до овој момент“, изјави Халанд.
Од денешна преспектива Копехаген сигурно може да жали што не му дал шанса на Халанд од кого сигурно добро ќе заработел бидејќи Норвежанецот денес е еден од најдобрите фудбалери во светот.