Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар ќе го пропушти натпреварот од Лига Европа против БАТЕ Борисов, потврди тренерот Маурицио Сари. Белгискиот репрезентативец игра фантастично оваа сезона и има постигнато седум гол на девет натпревари за „сините“ во Премиер лигата. „Азар сигурно ќе го пропушти натпреварот поради проблеми со грбот. Се обидуваме да го имаме на располагање во недела“, изјави Сари. …