Дома Фудбал Англија Доказ колку Јунајтед е очаен: „Театарот на соништата“ се претвори во „театар на кошмарите“

Доказ колку Јунајтед е очаен: „Театарот на соништата“ се претвори во „театар на кошмарите“

old traford

Нова недела, нов лош натпревар на Манчестер Јунајтед.

Во третото коло од Лигата на шампионите Јувентус го надигра Манчестер Јунајтед и го победи на „Олд Трафорд“ со 0:1, а доколку Италијанците беа нешто повеќе сконцентрирани во завршницата лесно можеше тоа да биде поубделива победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Олд Трафорд“ со години беше место каде што гостинскиот тим ретко можеше да извлече бод, а не пак победа, така беше во времето на Сер Алекс Фергусон. Сепак, тие денови се минато, а за тоа доволен доказ е следниот податок.

Во седум официјални натпревари оваа сезона на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед победил на само две, два пати одиграа реми, а три пати беа поразени. Славеа на отварањето на Премиер лигата со Лестер (2:1) и во осмото коло против Њукасл (3:2). Но, треба да се спомене дека Њукасл оваа сезона е најлошиот тим во Премиер лигата и во девет кола има само два освоени бода.

Само за споредба, Јунајтед во цела минатата сезона изгуби само на четири домашни натпревари во сите натпреварувања, а оваа сезона веќе запишаа три порази што е доказ колку лошо игра тимот на Мурињо.

Ако нешто не се промени многу брзо, тешко дека Португалецот ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“ и во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…