Дома Фудбал Фонсека си најде нова работа – ќе тренира седумкратен француски шампион

Фонсека си најде нова работа – ќе тренира седумкратен француски шампион

Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека брзо пронајде нов ангажман по отказот во Милано и ќе го предводи тимот на Лион.

Фонсека со Лион потпиша договор до 30 јуни 2027 година, а на клупата ќе го наследи Пјер Сеж кој доби отказ пред три дена.

Во кариерата Фонсека претходно ги водеше: Лил, Рома, Шахтјор, Брага, Пакос Фереира, Порто, Авес и Милан од каде што доби отказ пред еден месец.

По 19 кола Лион во Франција се наоѓа на шестото место со 30 бодови и дури 17 помалку од лидерот Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Жозе Мурињо многу брзо би можел да ги пакува куферите за заминување од Реал Мадрид. Враќањ…