Дома Фудбал Фонсека го прекина молкот по суспензијата: Чувствувам голема неправда!

Фонсека го прекина молкот по суспензијата: Чувствувам голема неправда!

Португалскиот тренер Паоло Фонсека беше драстично казнет затоа што го нападна судијата Бено Милоа на натпреварот меѓу Лион и Брест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Лион е казнет на девет месеци во кои не смее да влегува во соблекувалната на својот тим пред, за време и по натпреварот.

Португалецот одлучи да зборува за оваа тема пред дуелот во Лига Европа против ФЦСБ, откако му беше изречена казната од Лига 1.

Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда заради оваа казна и сакам да биде јасно дека никогаш не го допрев судијата ниту имав било каква намера да бидам физички агресивен. Најважно за мене е поддршката што ја чувствувам од клубот и оваа неверојатна група играчи“, рече Фонсека.

И покрај оваа казна, Фонсека рече дека сака да остане тренер на Лион кога ќе се врати во соблекувалната на својот тим во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…