Дома Фудбал ФИФА воведува значајни измени во репрезентативните паузи

ФИФА воведува значајни измени во репрезентативните паузи

ФИФА објави дека ќе направи забележителни измени во меѓународниот календар, кои ќе започнат да важат од 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наместо досегашните пет собири на репрезентациите, во иднина ќе има само четири, а два од нив ќе траат подолго од досега.

Најголемата измена се однесува на есен – претходните септемвриски и октомвриски термини ќе се спојат во еден продолжен период од 20 септември до 5 октомври, 2026 година. Во овој период репрезентациите ќе имаат можност да одиграат дури четири натпревари, што досега беше можно само лето во години без големи натпреварувања.

Од 2026 година, распоредот за репрезентации ќе биде следниот:

  • март
  • лето (подготовки за големо натпреварување или пријателски мечеви)
  • септември/октомври (споен период – 16 дена, четири натпревари)
  • ноември

Со ова ќе се намали бројот на патувања и прекини на клупските натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …