Дома Фудбал ФИФА воведува големи правила за СП: Исчезнува трикот што тренерите сѐ почесто го користеа

ФИФА воведува големи правила за СП: Исчезнува трикот што тренерите сѐ почесто го користеа

На Светското првенство 2026 година повеќе нема да гледаме сцени каде повредата на голманот одеднаш прераснува во можност за мини-состанок на целиот тим покрај аут-линијата. ФИФА реши да стави крај на таканаречените голмански тактички тајм-аути, сѐ почест трик што тренерите го користеа за да дадат нови упатства на играчите при прекин на играта.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за ситуации кога голманот седи или лежи на тревата, побара лекарска помош, а останатите играчи го користат прекинот за да одат до клупата и да ги слушнат упатствата на стручниот штаб. По краткиот „состанок“, голманот често брзо се опоравуваше и натпреварот продолжуваше.

Таквата практика во последните години предизвикуваше сѐ повеќе дебати, а сега ФИФА одлучи да реагира. Пјерлуиџи Колина, шеф на судиската комисија на ФИФА, изјави дека сите репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство веќе се запознаени со новите насоки.

Според новиот пристап, играчите нема да смеат да го напуштат теренот и да одат кон техничкиот простор додека голманот добива помош. Наместо тоа, ќе треба да останат на теренот, на пример, на својата позиција или собрани во средината на теренот. Со ова, ФИФА сака да спречи прекините поради повреди да се претвораат во тактички паузи.

Новост е и можноста за преглед на вторите жолти картони. Досега ВАР не можеше да интервенира кај жолтите картони, дури ни кога вториот жолт значеше исклучување. Според новите правила, во одредени случаи ќе биде возможно да се прегледа вториот жолт картон што води до црвен картон, но нема да се прегледува секоја потенцијална ситуација за втор жолт.

Се воведуваат големи промени и во борбата против одолговлекувањето на времето. При аути и исфрлањаа од гол, судијата ќе може да започне визуелно одбројување од пет секунди ако процени дека играчот намерно го забавува продолжувањето на играта. Ако аутот не се изведе на време, топката ќе му припадне на противникот. Ако се одолговлекува со гол-аут, противничкиот тим може да добие корнер.

Се менува и процедурата за замени. Играчот кој излегува од игра ќе треба да го напушти теренот во рок од десет секунди и тоа на најблиската линија на игралиштето. Ако тоа не го направи, неговиот соиграч кој влегува во игра ќе мора да почека следниот прекин по истекот на една минута, што значи дека тимот привремено може да игра со играч помалку.

Уште едно правило се однесува на играчите кои добиваат лекарска помош. Тие, со одредени исклучоци, ќе мора да останат надвор од теренот најмалку една минута пред повторно да влезат во игра. Целта е да се обесхрабри глумењето повреди и честите прекини во ритамот на натпреварот.

Сите промени имаат истата цел: да се забрза играта, да се намали одолговлекувањето и на судиите да им се дадат појасни алатки за управување со натпреварите. Светското првенство 2026 година може да донесе фудбал со помалку „паметни“ прекини, помалку манипулации со времето и повеќе вистинска игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе направи последен обид за договор со Влаховиќ

Раководството на Јувентус ќе направи финален обид да постигне спогодба со напаѓачот Душан …