Дома Моторспорт Ферстапен задоволен од квалификациите, но свесен за проблемите: Не очекувам чуда

Ферстапен задоволен од квалификациите, но свесен за проблемите: Не очекувам чуда

Ред Бул доживеа голем пресврт по лошиот петок во Австралија. Макс Ферстапен не го криеше изненадувањето што заврши во првите три по квалификациите во Мелбурн.

РБ21 во петок изгледаше како болид многу тежок за возење, што особено се забележа на првите слободни тренинзи.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Актуелниот шампион заврши петти на првиот и дури седми на вториот слободен тренинг, додека неговиот нов тимски колега Лиам Лоусон имаше уште поголеми проблеми и беше на дното на пласманот.

Сепак, Ред Бул преку ноќ пронајде решенија, па Ферстапен на третиот тренинг заврши трет, само 0.081 секунди зад Пиастри.

Во квалификациите го повтори истото место, иако на крајот заостана 0.385 секунди зад Норис, кој ја освои пол позицијата.

По квалификациите, Верстапен призна дека резултатот го изненадил, со оглед на лошиот почеток на викендот.

Еден од клучните проблеми за Ред Бул беа гумите, особено во брзите свиоци, каде што одржувањето на темпото низ целиот круг беше предизвик.

Тоа особено се забележа во последниот сектор, каде Верстапен често губеше време во однос на возачите на Мекларен.

„Не очекувам никакви чуда на трката“, кажа Ферстапен, свесен дека долгорочниот темпо на Ред Бул не е на нивото на Мекларен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис не ја губи вербата: Се чувствувам како најдобриот возач во Формула 1

Ландо Норис и понатаму има целосна доверба во своите способности, и покрај неодамнешните п…