Дома Моторспорт Ферари не е тоа што очекуваше – Хамилтон остана зачуден

Ферари не е тоа што очекуваше – Хамилтон остана зачуден

Седумкратниот светски шампион го изненади светот на Формула 1 кога во зимата одлучи да го напушти Мерцедес по 12 успешни сезони и да потпише за славната Скудерија.

Сепак, почетокот на неговото ново поглавје не одеше гладко – Хамилтон моментално се наоѓа на седмото место во вкупниот пласман по шест извозени трки.

Неговиот тимски колега Чарлс Леклер значително подобро се држи, што дополнително ги истакнува проблемите во кои западна британскиот возач.

„Знаев дека ќе биде многу тешко, бидејќи веќе сум менувал тим порано,” рече Хамилтон пред трката во Имола. „Дојдов со целосно отворен ум. Не знаев точно колку ќе биде тешко. Знаев дека ќе биде предизвик. И навистина е, на сите фронтови.”

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хамилтон ја прекина тригодишната пауза: Пол-позиција за само девет илјадитинки!

Хамилтон го доби тесниот дуел со Расел во Мексико, а Антонели во недела има шанса да ја ос…