Дома Фудбал Репрезентации Eнрике го објави списокот, Шпанија без Рамос на ЕП!

Eнрике го објави списокот, Шпанија без Рамос на ЕП!

Селекторот на Шпанија Луис Енрике денес го објави списокот за Европското првенство кое ќе се игра ова лето од 11. јуни до 11. јули.

На списокот на Шпанија се најдоа 24 фудбалери, а помеѓу не е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. На местото на Рамос е Емерик Лапорта од Манчестер Сити кој неодамна доби право да настапува за „Фуријата“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Интересно е што на овој список на Шпанија нема ниту еден играч на Реал Мадрид, нешто на што тешко може да се сетиме кога се случило последен пат.

Шпанија на ЕП ќе игра во група со Полска, Словачка и Шведска.

СПИСОК НА ШПАНИЈА:

Голмани: Унаи Симон (Атлетик), Давид де Геа (Манчестер Јунајтед), Роберт Санчез (Брајтон)

Дефанзивци: Хозе Гаја (Валенсија), Жорди Алба (Барселона), Пау Торес (Виљареал), Eмерик Лапорте (Манчестер Сити), Ерик Гарсија (Манчестер Сити), Диего Љоренте (Лидс Јунајтед), Цезар Аспиликуета (Челзи), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид)

Играчи од средниот ред: Серхио Бускетс (Барселона), Родри Хернандез (Манчестер Сити), Педри Гонзалез (Барселона), Тиаго Алкантара (Ливерпул) ), Коке (Атлетико Мадрид), Фабијан Руиз (Наполи)

Напаѓачи: Дани Олмо (РБ Лајпциг), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Алваро Мората (Јувентус), Жерард Морено (Виљареал), Феран Торес (Манчестер Сити), Адама Траоре (Вулверхемптон) и Пабло Сарабија (ПСЖ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…