Италијанскиот фудбалер Марио Балотели кариерата би можел да ја продолжи во Турција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на труските медиуми 27 годишниот напаѓач би можел стане член на турскиот гигант каде што настапува нашиот фудбалер Елиф Елмас, Фенербахче.
Фенер е во тешка ситуација. Екипата игра очајно и потребни им се засилувања, а во нападот решение би можел да биде токму контроверзниот Италијанец.
Ница е разочарана од однесувањето на Балотели и е спремна да го продаде Балотели за сума помеѓу 1.5 и 3 милиони евра, па многу лесно би можело да се случи да го гледаме „Супер Марио“ во Турција.
Покрај Фенербахче со Балотели се поврзуваше и италијанска Фиорентина.
Оваа сезона Балотели е без погодок.