
Лiиверпул денеска потврди дека го продолжил договорот со египетскиот напаѓач Мохамед Салах за дополнителни две години. Салах пристигна во Ливерпул во 2017 година од италијанска Рома, а ова лето можеше да замине од водечката екипа на Премиер лигата без отштета бидејќи договорот му важеше до крајот на јуни.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми ги објавија условите на продолжувањето на соработката. Како што истакнува Daily Mail, според новиот договор Салах ќе заработува неделно 375.000 фунти (околу 432.000 евра), а Ливерпул со оваа потег го прекрши своето правило за продолжување договори на играчи над 30 години.
“Секако дека сум многу возбуден. Сега имаме одлична екипа. И претходно имавме одлична екипа, но потпишав бидејќи мислам дека имаме шанси да освоиме уште трофеи и дека ќе уживам во фудбалот. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат и десет. Уживам тука, уживам во фудбалот. Ги доживеав најдобрите години од мојата кариера”, изјави Салах по потпишувањето на договорот.
Египетскиот напаѓач оваа сезона одигра 45 натпревари за Ливерпул со 32 голови и 22 асистенции. За клубот од „Енфилд“, со кој освои сè што можеше, има постигнато 243 голови и 111 асистенции во 394 одиграни натпревари.