Човекот кој е сопственик на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, не беше задоволен од она што го направи Ден Ешворт на вториот тренинг од доаѓањето на Рубен Аморим во клубот.
По само пет месеци во овој клуб на позицијата спортски директор, Ешворт договори спогодбен раскин на соработката на состанокот со Омар Берранд, кој е директор на клубот.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сè се случи по поразот на „ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ од Нотингем Форест во рамките на Премиер лигата.
Човекот задолжен за спортските прашања и операции во премиерлигашот е познат како еден од најдобрите спортски директори во светот.
Кога Ерик тен Хаг доби отказ во октомври, неколку кандидати беа разгледувани од страна на Ешворд.
Ретклиф бараше идеи токму од Ешворт, човекот познат по добри одлуки, а тој му ги предложи Марко Силва, Томас Франк и Грем Потер.
Ретклиф бараше некој кој може да го издржи притисокот на позицијата главен тренер на премиерлигашот и кој има силен карактер.
Што се однесува до одлуката за нов тренер да биде донесен Рубен Аморим, Ешворт не бил премногу вклучен, односно наводно бил против негов ангажман.
Наводно, Ретклиф се налутил зашто Ешворт не се потрудил повеќе да пронајде подобра опција од тренерите што ги познаваше од порано. Ешворт на вториот ден од доаѓањето на Аморим на клупата на тимот одлучи да земе одмор, а тоа воопшто не му се допадна на Ретклиф.