Дома Моторспорт Еклстон го критикува Хамилтон: Имаш непријатели во Ферари

Еклстон го критикува Хамилтон: Имаш непријатели во Ферари

Берни Еклстон, поранешниот извршен директор на Формула 1, повторно го критикуваше Луис Хамилтон, овој пат поради неговата одлука да премине во Ферари. Освен тоа, не можеше да изостави ни забелешки за стилот на облекување на Хамилтон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Берни Еклстон, човекот кој долго беше во центарот на светската Формула 1, повторно го изнесе своето мислење за Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион.

Овој пат, критиките се однесуваат на одлуката на Хамилтон да го промени тимот и да им се придружи на Ферари, а Еклстон секако не пропушти можност да го коментира и стилот на облекување на Хамилтон.

„Мислам дека Луис во Ферари нема да добие внимание какво што имаше во Мерцедес. Пред сè, во тимот се задоволни со Шарл Леклер, кој течно го зборува италијанскиот, така што тој сигурно ќе има приоритет“, изјави Еклстон за британски „Телеграф“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Антонели победи, Расел разочара: Ова се најинтересните моменти од лудата трка во Канада (Видео)

Младиот италијански возач Кими Антонели ја запиша и четвртата победа во Формула 1 на тркат…