Дома Ракомет EХФ верува во Македонците: Дербито на колото за Начевски и Николов!

EХФ верува во Македонците: Дербито на колото за Начевски и Николов!

Европската ракометна федерација ги објави назначувањата за 10. коло во Лигата на шампионите, а меѓу избраните повторно се најдоа македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Искусната судиска двојка на 4 декември ќе отпатува во Германија, каде што ќе го води дербито на колото меѓу актуелниот европски шампион Магдебург и унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

Дуелот е закажан за 20:45 часот и ќе се игра во „Гетек Арена“, а Николов и Начевски повторно добиваат висока доверба од ЕХФ за уште еден натпревар од најелитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Дуелот за врвот со тесни трибини: Вардар го пречекува Алкалоид во сабота

Вардар и Алкалоид влегуваат во градското дерби со два бода разлика. Поради зафатените скоп…