РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ.
Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.
Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25.
Коментари