Дома Фудбал Италија Eмотивно писмо од Тоти до Буфон: Се сретнавме како деца, прераснавме во капитени…Секогаш ќе бидам тука за тебе!

Eмотивно писмо од Тоти до Буфон: Се сретнавме како деца, прераснавме во капитени…Секогаш ќе бидам тука за тебе!

Минатата година од своите навивачите се простуваше Франческо Тоти, а оваа година во Италија тоа е случај со голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон.

Сепак, Тоти се пензионираше и сега има директорска функција во Рома, додека пак Буфон со сигурност го напушта Јувентус, но би можел да продолжи да игра фудбал некаде на друго место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Буфон во текот на вчерашниот ден на прес-конференцијата со новинарите потврди дека утрешниот натпревар против Верона ќе биде негов последен во дресот на Јувентус.
Еден ден по неговата објава во медиумите со емотивна порака излезе неговиот долгогодишен ривал и соиграч во репрезентацијата Франческо Тоти.

„Драг Џиџи, знам како се чуствуваш. Ние сме многу различно, но можам да кажам дека сме и слични. Јас пред една година бев во улогата во која ти се наоѓаш сега, не сакав да се одвојам од дресот на клубот кој го сакам. Ми беше тешко да кажам доста е. Знам дека и ти се чуствуваш така. Кога објави дека го играш последниот натпревар за Јувентус, ми се вратија чуствата од пред една година. Не можам да ти кажам како ќе се чустуваш на утрешниот натпревар ниту на што ќе мислиш, секој во својата глава ситуација ја сфаќа на различен начин“

„Сепак, едно знам. Овие денови сигурно ќе дојде момент кога во твојата глава како филмаска лента ќе се премотуваат ситуации од твојата кариера. Убаво е да се сетиме дека имаме заеднички дел. За прв пат се сретнавме како деца, времето не направи капитени и мажи, браневме ист дрес, оној синиот, но се боревме и за друг, јас црвено-жолтиот, ти црно-белиот. Кога ќе помислам на нас, гледам мундијалски ноќ, пехарот во Берлин, нашето славје, нашите прегратки…“

П.С: Ако ти треба совет, побарај ме за тебе секогаш сум тука “, стои во писмото на Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…