Поради пандемијата на Ковид-19 европските гиганти ќе загубат повеќе од осум милијарди евра потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ивештајот покажал дека четири милијарди се загубени поради непродадените влезници, 2.7 милијарди евра од спонзорските договори и 1.4 милијарди од приходите од телевизиите.
Загубите имаа и негативен ефект на трансфер пазарот. Во зимскиот преоден клубовите потрошиле 56% помалку во однос на минатата година, а во летниот преоден рок се забележал пад од 39%.
Од УЕФА порачаа дека ќе биде неопходна реформа во финансискиот фер-плеј, како и дека ќе има промени во даноците од трансферите.