Дома Фудбал Репрезентации Eриксен со порака до Конте: Во репрезентацијата сум среќен затоа што играм

Eриксен со порака до Конте: Во репрезентацијата сум среќен затоа што играм

Данска ја победи Англија на „Вембли“, а единствениот гол на натпреварот го постигна Кристијан Ериксен од пенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дуелот за Англија беше јубилеен 100. за Ериксен и Симон Кјаер. Двајцата сонародници би можеле да се судрат за викендот кога ќе играат Интер – Милан, но проблемот е што Ериксен кај Конте веројатно ќе биде на клупа.

„Секогаш играв добро за Спарсите и за репрезентацијата, односно давав се од себе. Проблемот е што сега во клубот не играм како во Тотенхем. Многу повеќе сум среќен во репрезентацијата, тука ме пуштаат да играм“, изјави Ериксен.

Не е тајна дека Конте не сака да го става под притисок затоа што клубот вложи во него, но сигурно дека оваа порака италијанскиот стратег нема баш најдобро да ја дочека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Работнички и Македонија Ѓорче Петров од денеска се второлигаши!

По денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига стана јасно дека Работнички и …