Дома Македонски спорт Eмотивно обраќање на Пандев: Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално…

Eмотивно обраќање на Пандев: Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално…

Горан Пандев и официјално стави крај на неговата фудбалска кариера, ова македонската фудбалска легенда го потврди во интервју за „Газета дело Спорт“, а сега преку социјалните мрежи имаше и емотивно обраќање.

Покрај моќното видео во кое има некои од неговите најдобри моменти во кариерата Пандев додаде:

„Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во оваа патување….Им благодарам на моето семејство сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софиа кои ми беа нај големата поддршка…

Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозмозија да го остварам мојот сон….Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова….Им благодарам на сите тренери претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив од нив…

Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен сакам сите да ве гушнам….Завршува едно прекрасно поглавје….Во мене носам едно големо богатсво на емоции и среќен сум што го споделив со вас…Со цело мое срце….Горан“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…