
Македонскиот интернационалец со шведско потекло, Леонард Жута, од денеска е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Славен Белупо, каде ќе биде соиграч на Илија Несторовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот лев бек, кој има 33 години, добро му е познат на хрватскиот фудбалски простор. Тој од 2015 до 2019 година беше дел од Ријека, а минатата сезона настапуваше за Шибеник, каде забележа 28 настапи. Во својата досегашна хрватска кариера има одиграно вкупно 167 натпревари, при што постигна три погодоци и оствари девет асистенции.
Покрај настапите во Хрватска, Жута има меѓународно искуство во неколку европски лиги. Играл за шведските клубови Бромапојкарна и Хакен, за норвешка Валеренга, како и за италијанскиот Лече.
За македонската репрезентација има запишано 15 настапи, а последен пат го носеше националниот дрес во 2016 година.