Дома Моторспорт Драматична сцена во Бахреин: Алонсо додека возеше остана без волан! (Видео)

Драматична сцена во Бахреин: Алонсо додека возеше остана без волан! (Видео)

Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо вчера за време на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин се соочи со необичен проблем.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Алонсовата кариера трае 25 години, но сигурно никогаш не му се случило тоа што се случи вчера во Бахреин. Имено, среде возење му отпадна воланот од болидот и тој му остана во рацете.

За среќа, брзината со која се движеше Алонсо во болидот на Aston Martin во тој момент не беше голема, а имаше и среќа што патеката во Бахреин има многу простор надвор од границите на патеката, па не удри во ѕид.

Алонсо успеа со своето искуство да се снајде и да го врати воланот на предвиденото место, а потоа и да сврти десно за да го продолжи својот круг во текот на тренингот.

Денеска во 14:30 часот во Бахреин ќе се одржи третиот тренинг, а квалификациите се на програмата од 18 часот. Трката е утре од 17 часот.

Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Македонскиот ас Иџе го освои Котор во силна конкуренција

Игор Стефановски – Иџе продолжи со одличните настапи и забележа голем успех на ридско-брзи…