Дома Останати Кошарка Драма на ЕП во кошарка: Селекторот на Германија итно хоспитализиран

Драма на ЕП во кошарка: Селекторот на Германија итно хоспитализиран

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Германија, Алекс Мумбру, беше итно хоспитализиран. Ден пред почетокот на Европското првенство, Алекс Мумбру утрово беше примен во болница и лекарите одлучија да го задржат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засега нема многу информации за тоа што се случи со Мумбру, но се спомнува дека станува збор за инфекција. Алекс Мумбру е задржан во болницата во Тампере, Финска и веќе е познато дека нема да ја предводи репрезентацијата на првиот натпревар на турнирот против Црна Гора.

Според информациите на „Баскетњуз“, не е познато колку долго Мумбру ќе мора да остане во болница, но засега единствено се знае дека против Црна Гора ќе го замени Алан Ибрахимагиќ, неговиот прв помошник во репрезентацијата на Германија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално: Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Богдан Богдановиќ е нов член на Хјустон Рокетс. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026…