Дома Фудбал Донарума беше гостин во детска емисија – децата му поставија НЕВЕРОЈАТНИ прашања (видео)

Донарума беше гостин во детска емисија – децата му поставија НЕВЕРОЈАТНИ прашања (видео)

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума беше гостин во една популарна ТВ емисија, каде што се дружеше со деца кои му поставуваа разни прашања.

Нормално, децата секогаш поставуваат интересни, но и искрени прашања, па едно од нив го праша колку заработува.

На Џиџо му стана непријатно и одговори „шест“, а љубопитното дете повторно го праша: „Само шест евра?“, по што настана смеа во студиото.

Меѓу другото Донарума откри дека ова лето го одбил Реал Мадрид и дека никогаш нема да премине во Јувентус или Интер.

Кога едно од децата го праша зошто да не се пресели во Интер, водителот се пошегува и одговори: „Бидејќи таму даваат само 5 евра“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со Сисе во нападот: Роденденски предизвик против Борнмут

Алфадџо Сисе на својот 20. роденден го предводи нападот на Милан, кој гостува кај Борнмут …