Дома Фудбал Доминација на Љуботен – со триумф против Тиверија го освои Купот на Македонија

Доминација на Љуботен – со триумф против Тиверија го освои Купот на Македонија

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово повторно ја потврди својата доминација на домашната сцена, освојувајќи го Купот на Македонија по трет пат по ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалниот натпревар, кој се одигра на теренот „Петар Милошевски“ во рамки на Фудбалската федерација на Македонија, тетовските фудбалерки забележаа убедлива победа од 3-0 над тимот на Тиверија Брера.

Патот до трофејот за избраничките на Љуботен беше импресивен и речиси совршен. Во текот на целата куп-кампања, тимот не само што не загуби ниту еден натпревар, туку не дозволи ниту еднаш топката да заврши во нивната мрежа. Во четирите одиграни меча, Љуботен постигна вкупно 34 гола, демонстрирајќи исклучителна напаѓачка моќ и цврста одбрана.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…