Дома Останати Тенис Додека Синер плачеше од болка, Алкараз направи потег за кој зборува цела планета (Видео)

Додека Синер плачеше од болка, Алкараз направи потег за кој зборува цела планета (Видео)

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на мастерс турнирот во Синсинати. Алкараз до титулата стигна по предавањето на Јаник Синер во првиот сет при водство на Шпанецот од 5:0.

Италијанецот во текот на мечот неколку пати се фаќаше за стомакот, а по петтиот гем побара медицинска помош. Бидејќи не се подобри состојбата, тој одлучи да го предаде мечот. Синер „плачеше“ од болки, не изгледаше добро, а Алкараз во тие моменти заборави на ривалството и реши да се обиде да му помогне на Јаник.

Алкараз му се приближи на својот ривал, а снимката и фотографиите од оваа ситуација станаа вирални на социјалните мрежи и целиот свет зборува за потегот на Алкараз.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…