Дома Фудбал До „вчера“ им беше миленик: Навивачите на Ливерпул испратија свирежи за Арнолд

До „вчера“ им беше миленик: Навивачите на Ливерпул испратија свирежи за Арнолд

Англискиот фудбалер Трент Александер-Арнолд објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, по 20 години во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот натпревар по објавата, Трент го одигра против Арсенал во 36. коло од Премиер лигата. Тој влезе во игра во 67. минута наместо Конор Бредли, а на изненадување на многумина, беше исвиркан од навивачите на Енфилд.

Во секој случај, многумина имаат мешани чувства кога станува збор за Александер-Арнолд. Тој со Ливерпул освои две титули во Премиер лигата, два Лига купа, една Лига на шампионите, еден ФА куп, англиски и европски Суперкуп и Светско клупско првенство.

Трент е во Ливерпул од 2004 година, а професионалната кариера ја започна во 2016. За клубот од Енфилд одигра 351 натпревар, постигна 23 гола и асистираше во 92 случаи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона добива кредит од 210 милиони евра за купување на нови фудбалери

Барселона доби кредит од 210 милиони евра за да го засили тимот под раководство на новиот …