Дома Фудбал Останато Џошуа и Џејк Пол се соочија пред борбата, Британецот изгледаше како џин до јутјуберот!

Џошуа и Џејк Пол се соочија пред борбата, Британецот изгледаше како џин до јутјуберот!

Поранешниот двократен светски првак и олимписки шампион, Ентони Џошуа, за помалку од еден месец ќе влезе во рингот против Џејк Пол. Денеска, двајцата боксери имаа прес-конференција и прво соочување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само еден поглед на боксерите за време на нивното соочување го открива големиот контраст во физичката структура, бидејќи Џошуа изгледа многу поголем од Пол.

Борбата е закажана за 19 декември во Мајами, со глобално пренесување на Нетфликс. Станува збор за професионален натпревар во тешка категорија, со осум рунди од по три минути.

Пол ја најави борбата во својот препознатлив стил, нагласувајќи дека ова не е AI симулација и дека кога ќе го победи Џошуа, сите сомнежи во однос на него ќе исчезнат.

Претходно, се очекуваше Пол да се бори во ноември против Гервонта Дејвис, но тој план се распадна откако Дејвис беше на мета на сериозни обвинувања, што отвори пат за уште поголем спектакл.

Од друга страна, Џошуа се враќа по сериозен пад во септември 2024 година, кога беше нокаутиран од Даниел Дубоа во борба за титулата на IBF.

Сепак, Џошуа останува познат по својата моќ со 25 победи по прекин, меѓу кои и брзиот нокаут на Франсис Нгану во втората рунда во март годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Радовиш подготвен за спектакл: Јубилејниот „Македонски бисер“ носи врвно борење и голема забава со Пајак

Градот Радовиш викендов ќе биде центар на македонскиот спорт и забава. Во сабота, на 30 ма…